📷 РАСТЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ Во мај огромен пораст од 23,44%!
Поголем извоз, повеќе пари за македонските граѓани. После месеци и години пад, конечно раст за македонската економија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Македонскиот извоз во месец мај пораснал за огромни 23,44% во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно во услови на предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија.
Ова на Фејсбук го соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Бележиме и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година. Во периодот јануари-мај, македонскиот извоз порасна за 3,15% во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1%, пишува Мицкоски.
„Поголем извоз, повеќе пари за македонските граѓани. После месеци и години пад, конечно раст за македонската економија. Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот… Богата Македонија е силна Македонија. Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!“, пишува премиерот на Фејсбук.