Расте бројот на смртни случаи во Иран, но Техеран нема да бара помош од САД

291

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Иран се зголеми на 3.739, соопштија властите.

Портпаролот на иранското Министерство за здравство Киануш Џаханпур изјави денеска дека има 60.500 заразени лица во земјата.






– Иран никогаш нема да побара помош од САД во врска со коронавирусот, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на земјата, исто така ги отфрли предлозите на Вашингтон за хуманитарна помош.

– Иран никогаш не сакал и нема да побара од Америка помош за епидемијата. Америка мора да ги укине сите свои нелегални, еднострани, санкции за Иран, рече Мусави.

Поврзани содржини