Расте бројот на хоспитализирани пациенти, во ковид-центрите се лекуваат 860 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 343 лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

857

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 860 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 343 лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.






Во последното деноноќие, на интерните клиники имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало исто така еден прием на нов пациент, а на Инфективната клиника 13 во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени двајца пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени тројца оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37, на Институтот за ТБЦ има 54 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има шест хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Од Здравство велат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот во Скопје имало 30 слободни места, а отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 517 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 71 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 6 во Кичево 11, Кавадарци 58, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поврзани содржини