Расте бројот на граѓани кои го донираат повратот на ДДВ

На оваа апликацијата, покрај опцијата за донирање на повратот од ДДВ стои и објаснувањето за владината уредба со законска сила која беше донесена вчера.

683

Над 2.200 лица одговориле позитивно и го донирале повратот на ДДВ, од скенираните фискални сметки, во државниот буџет со цел справување со последиците од ковид-19.

Бројот на граѓани кои го враќаат назад во буџетот повратот од ДДВ расте во секој момент, а цифрите се покажуваат директно во апликацијата „МојДДВ“.






На оваа апликацијата, покрај опцијата за донирање на повратот од ДДВ стои и објаснувањето за владината уредба со законска сила која беше донесена вчера.

Со цел подобро справување со последиците од корона вирусот, помагање на граѓаните и на компаниите кои беа погодени од кризата, Владата отвори фонд за солидарност каде компании и приватни лица веќе донираат на различни суми. Од вчера Владата создаде можност за донации на сумата од повратот на ДДВ.

– Акцијата за донирање на сумата од првите три месеци од годината е отворена до 5 мај. Граѓаните кои до тогаш нема да го донираат, износот ќе им биде исплатен на трансакциска сметка – стои во уредбата од Владата.

Поврзани содржини