РАСТ ОД 7,2% НА ОДОБРЕНИЈАТА ЗА ГРАДБА ВО ЈУЛИ Одобрение за градба добил и ветерниот парк на „Алказар енерџи“ во Штип

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31.699.433.000 денари (515,4 милиони евра), што е за  345,3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

52

Во  јули 2025 година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7,2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31.699.433.000 денари (515,4 милиони евра), што е за  345,3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.






Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба за ветерен парк кој го гради компанијата „Алказар енерџи“ во општините Штип, Радовиш и Карбинци, кој е со вредност од 500 милиони евра и се смета за најголем на Балканот. Изградбата на паркот почна во јули, а се подигнат 53 ветереници, кои годишно ќе произведуваат 400 мегавати електрична енергија, доволна за потребите на 100.000 домаќинства.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 се наменети за објекти од високоградба, 46 за објекти од нискоградба и 127 за објекти за реконструкција.

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 134.

Од вкупно 401 објект, на 232 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 667 станови со вкупна корисна површина од 60.676 м2.

 

Поврзани содржини