РАСТ ОД 5% НА ИЗВОЗОТ ОД ЈАНУАРИ ДО СЕПТЕМВРИ Трговскиот дефицит порасна на 2,8 милијарди долари
Вредноста на увозот изнесува 9,498 милијарди долари што е зголемување од 6,5 % во однос на истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,4%
Раст на извозот и на увозот во периодот јануари – септември 2025 година во споредба со периодот јануари – септември 2024 година, пресмета Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 368.279 милиони денари и бележи пораст од 2,09 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 523.204 милиони денари, што е за 3,59 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во долари вкупниот извоз за периодот јануари- септември годинава спореден со истиот период лани изнесува 6,689 милијарди долари што е раст од 5%. Вредноста на увозот изнесува 9,498 милијарди долари што е зголемување од 6,5 % во однос на истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,4%
Трговскиот дефицит во овој период изнесува 2,8 милијарди долари.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.
Во периодот јануари – септември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59,6 % во вкупната размена.