РАСТ ОД 3% НА БДП ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Градежништвото и финалната потрошувачка најзаслужни за растот

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2025 година, номинално расте за 7,1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 69,0 %.

49

Стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година е 3,0 %, во однос на истото тримесечје од 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7,1 % и Информации и комуникации од 4,8 %.






Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2025 година, номинално расте за 7,1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 69,0 %.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 1,4%, увозот на стоки и на услуги исто така забележи зголемување во номинален износ од 4,8 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година во однос на првото тримесечје од 2024 година е 3,2 %.

Поврзани содржини