РАСТ НА БДП ОД 3,8% ВО ТРЕТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ Главен двигател на растот се бруто инвестициите

Најголем пораст е забележан во секторите „градежништво од 21% и „информации и комуникации“ од 7,4%.

279

Домашниот бруто производ порасна за 3,8 % во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите „градежништво од 21% и „информации и комуникации“ од 7,4%.






Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на БДП. Во структурата на БДП нивното учество се зголеми од 26,1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31,1% во третото тримесечје од годинава.

Финалната потрошувачка во третото тримесечје забележа номинален раст од  7,7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80,2 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3,6 %.

 

Поврзани содржини