РАСНО МОТИВИРАН ЕКСТРЕМИЗАМ Напаѓач уби 10 лица во супермаркет во Бафало
Американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, објавија дека напаѓачот е Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека масакрот во Бафало ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“.
Напаѓачот, 18-годишно бело момче отвори оган во супермаркет, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население, при што уби 10 луѓе, а повреди тројца. Единаесет од жртвите се Афроамериканци.
Напаѓачот кој му се предаде на полицијата и е во притвор, не е од Бафало, а според полицијата тој возел со часови пред да започне со пукањето.