РАСИЗАМ НА „САН СИРО“ Милан ги пријави навивачите на Лацио во Јавното обвинителство
Милан денеска преку официјално соопштение испрати пријава до Јавното обвинителство на Италија да бидат санкционирани навивачите на Лацио поради расистичките навреди.
Италијанскиот клуб Милан синоќа го совлада Лацио со 2-0 во рамки на дербито на третото коло во Серија А, но натпреварот не помина без инцидент.
Имено, гостинските навивачи расистички го навредуваа Тимуе Бакајоко кога се подготвуваше да влезе во игра крај аут-линијата во 61 минута. Французинот кратко остана на теренот, бидејќи се повреди.
Милан денеска преку официјално соопштение испрати пријава до Јавното обвинителство на Италија да бидат санкционирани навивачите на Лацио поради расистичките навреди. Ултрасите на тимот од Рим се познати по своите расистички испади.