Рашковски пак се јави од Мексико: Да ги оставиме институциите да си ја вршат својата работа

Обвинителството денеска соопшти дека следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на генералниот секретаријат на Владата, отворена е предистражна постапка, при што предметниот обвинител издал повеќе наредби за прибирање на потребната документација.

762

Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите. Така што, треба да ги оставиме институциите да си ја вршат својата работа, кратко изјавил за Сител поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, откако ОЈО денеска отвори предмет за софтверот кој го набавил.

Обвинителството денеска соопшти дека следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на генералниот секретаријат на Владата, отворена е предистражна постапка, при што предметниот обвинител издал повеќе наредби за прибирање на потребната документација.






„Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во меѓувреме, откако беа издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството достави известување во врска со нивното постапување во случајот“, се вели во соопштението на ОЈО.

Поврзани содржини