Рашела Мизрахи, поранешна министерка за труд и социјала во техничката влада, на Фејсбук објави фотографии за да „пријави“ дека е дел на коњаницата „Бигорски манастир – Патот на црешовото топче“.
Во чест на Илиден, Мизрахи на коњ патува од Зубовце до Крушево.
„Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и за тоа како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата, Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен“, пишува таа.
Нејзиниот „аутфит“ веќе предизвикува контроверзни коментари на социјалните мрежи.