Расчистен случајот со незаконското поминување на наплатна рампа, објавен на „Тик ток“

Лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите.

431

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

– Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (18.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок – се вели во соопштението од МВР.






Лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите.

Поврзани содржини