РАОВИЌ ГОРИ СО ДЕНОВИ Никој не гасне, пожарот се доближува до селото (ВИДЕО)

Мухамед Абдурахмани од селото Раовиќ залудно повикуваше помош, но никој не дојде. Му било ветено дека помош може да се очекува дури наутро.

1,413

Жителите на селото Раовиќ, на 20 километри од Скопје, синоќа ја минаа ноќта стравувајќи за своите животи и за судбината на своите имоти. Пожарот кој веќе со денови гори во блиската шума опасно се доближува до нивното село, но помош, барем засега нема.

Вчера таму била една пожарникарска екипа и припадници на воената полиција. Синоќа околу 20 жители на селото се организираа да се обидат да ја следат огнената стихија и самите да бараат чаре доколку дојде до најлошото. Пожарот стаса и до локалниот пат, пишуваше вчера Дојче веле.






Мухамед Абдурахмани од селото Раовиќ залудно повикуваше помош, но никој не дојде. Му било ветено дека помош може да се очекува дури наутро.

Општината Сарај вчера побара армиско летало во помош за гасење на пожарот над селото Раовиќ.

Од ловиштето „Јасен“ известија дека има 24-часовно дежурство на делот на планината кон ловиштето. Вчера оттаму рекоа дека нема опасност пожарот да се прошири кон ловиштето.

Од Шумското стопанство „Караџица“, пак, известија дека пожарот над Раовиќ се дели на два крака – едниот е насочен кон Матка, додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен поради што се планира гасење од воздух.

Видео на Arbnora Memeti

Поврзани содржини