Советот на општина Кавадарци денеска ја одржа првата, конститутивна седница. Седницата ја отвори претходниот претседател на советот, Ристо Сакалиев, кој посака плодна и успешна работа на новиот состав на советот. Потоа со седницата претседаваше Весна Ѓорѓиева од ВМРО-ДПМНЕ како најстар член на советот, по возраст.
Едногласно советниците го усвоија презентираниот извештај и одлуката за верификација на мандатите. Потоа советниците дадоа свечена изјава. Дел од членовите на советот при давањето изјава не ја изговорија придавката Северна, по што следеше процедурална забелешка од Вуко Мелов, советник од СДСМ.
– Не е коректно од претседавачот со седницата, да не ја чита изјавата како што е напишана – рече Мелов.
На ова реплицираше советникот Круме Богевски од Левица кој посочи дека во статутот и деловникот за работа на советот стои името Република Македонија, по што советниците уште еднаш дадоа изјава.
На денешната седница беше формирана и комисија за мандатни прашања, избори и именувања за чиј претседател е назначен советникот Перо Николов од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа комисија ги разгледа пристигнатите предлози за претседател на советот. Д-р Стојанчо Рамов беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а Валентина Бањанска предпог на СДСМ. Со 10 гласа „за“ и 2 „воздржани“ за претседател на советот беше избран д-р Стојанчо Рамов. За Бањанска бласаа 7 советници.
Синоќа градоначалникот Митко Јанчев го славеше својот 40-ти роденден, со семејството и со најблиските.