Рамадани и Дончев биле незаконски именувани за вд. директори на ФЗОМ, Антикорупциска ќе бара разрешување на Управниот одбор

816

Антикорупциска информира дека е оформен предмет по анонимна пријава во однос на изборот на директор на ФЗОМ.

На еден од директорите на 26 мај 2019 г. му престанал мандатот, но не бил објавен јавен конкурс од УО како што пропишува Законот и по истечен мандат од еден месец и 10 дена повторно на 4 јули, истата година, бил назначан за в.д директор на Фондот истиот директор, што е во спротивност со Законот за здравствено осигурување.






Членот на Антикорупциска Нури Бајрами појасни дека при разгледување на овој случај (со Орхан Рамадани) наишле на уште едно вакво прекршување на Законот со именувањето за вд директор на Данаил Дончев (на 3 август 2018 .е именува за в.д по разрешување на Сашо Стефановски, по 6 месеци конкурс не бил распишан и на 6 февруари уште еднаш бил именуван за вд директор).

– Надлежноста за објавување на оглас за избор на директори е на УО, но во случај да се разреши директорот од која било причина тогаш не се објавува оглас, а владата именува вршител на дожноста и веднаш треба да отпочне постапка од страна на УО за избор на директор, Законите не се почитуваат, а во овој случај има пропусти и од владата и од министерот. Наша предлог одлука е да се покрене иницијатива за разрешување на Управниот одбор на ФЗОМ – рече Бајрами.

Поврзани содржини