РАМА Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА СРБИЈА Се заладуваат односите меѓу Тирана и Белград

Се зголемуваат шансите нашите билатерални односи да отидат неколку чекори назад, предупреди албанскиот премиер.

1,096

Албанскиот премиер Еди Рама, денеска изјави дека доколку Србија наскоро не ги ослободи тројцата неодамна уапсени косовски полицајци, тоа ќе значи враќање на заладувањето на односите меѓу Тирана и Белград.

„Колку подолго се задржуваат тројцата полицајци уапсени во Србија, па дури и да ја поминале граничната линија, не сториле никакво кривично дело, се зголемуваат шансите нашите билатерални односи да отидат неколку чекори назад. Ова може да биде недела на враќање на заладените односи меѓу нас, освен ако не бидат ослободени“, напиша Рама на Твитер.






Тројца косовски полицајци беа уапсени кога ја преминале административната линија и влегле во централна Србија на 14 јуни.

Поврзани содржини