Рама: Не постои „балкански“ коронавирус

Понекогаш политиката има потреба да користи вакви етикети за да ги стигне до луѓето, и, за жал, ова се случува се почесто - вели Рама.

322

Нема „балканска рута“ на коронавирусот, исто како што не постои балканска мафија, ниту балкански земјотрес или балкански болести – ваквите изјави се за политички цели, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германскиот весник „Билд“.

– Понекогаш политиката има потреба да користи вакви етикети за да ги стигне до луѓето, и, за жал, ова се случува се почесто. Секако, тоа нè растажува, но навикнати сме. Не е првпат. Мора да се справиме со тој стереотип и да вложиме напори да го надминеме, истакна Рама.






Во врска со зголемениот број на случаи на коронавирус во Германија и обвинувањата дека за тоа е виновна Албанија, Рама рече дека ниту една балканска земја не може да претставува закана, ниту за Германија, ниту за остатокот од ЕУ.

– Не е можно луѓето од овде да можат да влијаат врз бројот на заразени лица во голема земја како Германија, Франција или друга европска земја. Тоа е повеќе прашање на политика отколку реалност, затоа што бројките можат да се шпекулираат – оцени албанскиот премиер.

На прашањето, зошто во тој случај постои забрана за влез на балканските граѓани, Рама рече дека причината е постоењето на ЕУ и на не-ЕУ, пренесува БГНЕС.

– Тоа е едноставно. Во пракса, повторно се воспоставува поделба помеѓу ЕУ и не-ЕУ. Што се однесува до бројките, ќе повторам дека постојат природни причини за тоа и дека постои разумна претпазливост во Германија и во другите земји – заклучи албанскиот премиер.

Поврзани содржини