Рама му подготвил изненадување на Груби во Тирана (ФОТО)

Груби и Рама ја пофалиле досегашната посветеност на дијаспората од Северна Македонија, бидејќи за помалку од еден месец повеќе од 130.000 луѓе одговориле позитивно на поканата за регистрација.

692

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за време на вториот ден од престојот во Албанија, денеска оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.

Груби, како што напиша на својот Фејсбук профил, бил пријатно изненаден од гестот на албанскиот премиер кога во еден момент извадил бел лист на кој бил напишан линкот за попишување на дијаспората во Македонија.






„Господинот Рама ме пречека со интересна порака, тој имаше напишано на еден бел лист: census.stat.gov.mk“,  напиша Груби на Фејсбук.

Двајцата соговорници го поздравиле фактот дека меѓу двете држави нема ниедно отворено прашање, а на средбата станало збор и за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија при што се согласиле дека проблемите и отворените прашања меѓу соседите треба да се надминат преку дијалог.

Груби и Рама размениле мислења и за Коридорот 8, за кој албанскиот премиер рекол дека тоа е владин приоритет во Албанија, а Груби информирал дека во Северна Македонија се работи на завршување на изградбата на овој коридор.

Двајцата соговорници ја пофалиле досегашната посветеност на дијаспората од Северна Македонија, бидејќи за помалку од еден месец повеќе од 130.000 луѓе одговориле позитивно на поканата за регистрација.

На средбата станало збор и за новите можности за проширување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан.

Поврзани содржини