РАMА ГО ВИДЕ РАФА Во Драч ќе се гради спортски комплекс „Рафаел Надал“

Комплексот во градот Драч ќе биде изграден непосредно до фудбалската академија на Манчестер сити.

749

На средбата на албанскиот премиер Еди Рама со шпанскиот тенисер Рафаел Надал, договорено е во пристанишниот град Драч да биде изграден мултиспортски комплекс кој ќе ја имплементира методологијата за обука на Академијата „Рафа Надал“.

Комплексот ќе биде изграден непосредно до фудбалската академија на Манчестер сити.






– Има многу шампиони и големи професионалци во светот на спортот, но нема многу шампиони со човечки вредности како Рафа. Оддалеку секогаш имав впечаток дека Рафа е голем човек, но сега уште повеќе се восхитувам на неговата скромност и начинот на кој му пристапува на животот. Мислам дека вредноста на овој центар ќе лежи не само во учењето тенис или други спортови, туку и во помагањето на децата и на младите да разберат колку е важно да се биде професионалец и добар човек – изјави Рама.

Според него, вратите на спортскиот комплекс ќе бидат отворени за децата и за ентузијастите на овој спорт од Албанија и од регионот, заедно со Фудбалската академија на Манчестер сити.

– Многу сме среќни што објавуваме изградба и отворање центар во Албанија. Проектот е исклучителен и ни се допадна визијата на земјата за промовирање на спортот и на неговите вредности. Сигурен сум дека ќе биде успешен – рече Надал.

Центарот ќе има 12 тениски терени, 6 терени за падел, игралиште за повеќе спортови, фитнес и велнес центар, базен и ресторан. Покрај тоа, ќе има продавница и музеј со дел од трофеите на Надал и други предмети донирани од големи спортисти.

Поврзани содржини