РАМА ДА СЕ ИЗВИНИ Димитриевски ја смета за неприфатлива шегата „премиер на Западна Бугарија“

Поранешниот сопартиец вели дека Ковачевски наместо насмевка требало да возврати со реципроцитет и да побара извинување.

1,247

„Шегата“ на Рама е неприфатлива, должен е извинување и кон Премиерот, но и кон целата македонска јавност, вели во пост на социјалните мрежи градоначалникот на Куманово и поранешен висок функционер на СДСМ, Максим Димитриевски откако бура од реакции предизвика  шегата на албанскиот премиер кој го претстави неговиот македонски колега како премиер на идна Западна Бугарија.

„Никој не те почитува доколку не покажеш самопочит но и возвратиш почит кон тие кои те почитуваат. „Шегата“ на Рама е неприфатлива, должен е извинување и кон Премиерот но и кон целата македонска јавност. Ковачевски наместо насмевка треба да возврати со реципроцитет и да побара извинување. Молкот е повеќе од срам! Дали вака размислувате да градиме Отворен Балкан?“, напиша Димитриевски.

Поврзани содржини