РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО КАЈ МЛАДИТЕ Е ВО ПОРАСТ! Научниците сметаат дека оваа исхрана е главниот виновник

Лошите навики во исхраната би можеле да бидат причина за алармантно зголемување на дијагнозите на рак кај луѓето

1,393

Научниците од Државниот универзитет во Охајо открија дека одредени навики во исхраната може да го зголемат ризикот од развој на рак на дебелото црево, кој е во пораст кај младите.

Презентирајќи ги резултатите од нивното истражување пред Американското здружение за клиничка онкологија, тие објасниле дека комбинацијата од консумирање премногу шеќер и недоволно влакна ги поттикнува цревата да произведуваат бактерии кои го „забрзуваат стареењето“ на клетките.






Овие бактерии би го направиле сечиј дигестивен систем поподложен на канцерогени мутации и помалку способен да се брани од развојот на тумори, покажале прелиминарните тестови.

Научниците анализирале примероци на луѓе помлади и постари од 50 години со дијагноза на рак на дебелото црево.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини