Ракометарот Стоилов го покажа синот Бојан (ФОТО)

636

Ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов и неговата сопруга Деница станаа родители. На 19 август во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се роди нивната прва среќа, малиот Бојан. За бременоста на Деница се грижеше д-р Гордана Петровска, која на свет го донесе нивниот син.






За Деница, бременоста била убаво и несекојдневно искуство, а породувањето момент кој засекогаш ќе биде дел од нејзините спомени.

– Бременоста ја поминав без никакви проблеми, доаѓав на редовни прегледи кај д-р Петровска и ги следев нејзините препораки. И покрај тоа што сме во ек на пандемија со коронавирус, бев спокојна бидејќи тука во болницата сите носат заштитни униформи, се внимава на секој детаљ за наша безбедност како пациенти – рече Деница.

Покрај тоа што болницата „Аџибадем Систина“ се грижи за спортските повреди на Стоилов, тој и неговата сопруга одлучиле да ја одберат болницата и за следење на бременоста и породувањето.

– Со болницата имам одлично искуство, долги години моето здравје го доверив на професионалците кои работат тука, и затоа токму „Аџибадем Систина“ е местото кое го одбравме со Деница за најубавиот момент, доаѓањето на свет на нашето дете. Им благодарам на целиот тим доктори, пред сè, на д-р Петровска, која се грижеше за Деница додека беше бремена, а сега нè направи и среќни родители – рече Стоилов.

Поврзани содржини