Ракометарките против Романија ќе бркаат пласман на Мундијалот
Светското првенство за жени ќе се одржи кон крајот на годината во Шпанија.
Противник на македонската женската ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство 2021 е репрезентацијата на Романија.
Ова е епилогот по денешната жрепка во која познати се и другите двојки.
Мундијалот ќе се одржи на крајот на годинава во Шпанија.
Двојки за другите плејоф пресметки:
Турција – Русија
Чешка – Швајцарија
Словенија – Исланд
Словачка – Србија
Украина – Шведска
Австрија – Полска
Унгарија – Италија
Португалија – Германија
Црна Гора – Белорусија.