РАКОМЕТАРИТЕ ДОБИВААТ ЗАСИЛУВАЊЕ Митревски ќе отпатува во Дебрецин?

Голманот Никола Митревски, кој имаше позитивен тест на коронавирусот и поради тоа отпадна од првичниот состав, сега направил неколку тестови кои покажале дека е негативен на коронавирусот, па тој би можел наскоро да им се приклучи на соиграчите во Дебрецин.

645

Македонската ракометна репрезентација може да ги засили своите редови во пресрет на вториот натпревар на Европското првенство против селекцијата на Црна Гора.

Имено, како што објави спортскиот портал Дерби, голманот Никола Митревски, кој имаше позитивен тест на коронавирусот и поради тоа отпадна од првичниот состав, сега направил неколку тестови кои покажале дека е негативен на коронавирусот, па тој би можел наскоро да им се приклучи на соиграчите во Дебрецин.






Сепак, тој и на последното тестирање во Унгарија ќе мора да биде чист за да и официјално му се стави на располагање на селекторот Кирил Лазаров.

Поврзани содржини