📽 РАКETИ ХИМАРС СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ УПОТРЕБЕНИ ВО КУРСК? Русите спремаат бункери во случај Украинците да го нападнат градот Курск

Според моите насоки, властите на градот Курск ги идентификуваа клучните локации за поставување на модуларни бетонски засолништа на фреквентни места, напиша гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, на апликацијата Телеграм.

1,305

Киев за првпат призна дека во упадот во регионот Курск било  употребено оружје од американско производство, пишува ДејлиТелеграф. Украинските специјални сили објавија видео снимка за која тврдат дека покажува уништен мост со проектили ХИМАРС со долг дострел. Вашингтон не ја коментираше снимката.

Украинските сили се пофалија дека мостот, кој инаку стои на пловки, се уништен заедно со клучната руска опрема.






„Каде „исчезнуваат“ руските понтони (мостови со пловки) во регионот Курск? Операторите на силите за специјални операции, заедно со единиците на одбранбените сили на Украина, ефикасно ги уништуваат“, соопштија силите за специјални операции на Украина.

 

Русија се обиде да ги изгради овие мостови откако Украина уништи три клучни мостови долж реката Сејм минатиот викенд во близина на населбите Глушково, Зван и Кариж.

Во меѓувреме руските власти во западниот руски регион Курск започнаа со поставување на модуларни бетонски засолништа за заштита на цивилите од потенцијална украинска инвазија, соопшти денеска регионалниот гувернер.

Руските сили од 6 август се борат со украинската војска во граничниот регион Курск. Илјадници украински војници тогаш ја преминаа границата, што предизвика евакуација на стотици илјади руски граѓани.

„Според моите насоки, властите на градот Курск ги идентификуваа клучните локации за поставување на модуларни бетонски засолништа на фреквентни места“, напиша гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, на апликацијата Телеграм.

Засолништата ќе бидат поставени на околу 60 автобуски станици. Смирнов објави фотографија на која се гледа камион како транспортира едно засолниште. Градот Курск има околу 450.000 жители.

Гувернерот најави дека засолништата ќе бидат поставени и во уште два града – Железногорск и Курчатов, дом на нуклеарната електрана за која Русите тврдат дека е цел на украинските воени напади, што Киев го негира.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија треба да ја посети таа електрана кон крајот на август.

 

Поврзани содржини