РАКЕТЕН НАПАД НА СТОТИОТ ДЕН ОД ВОЈНАТА Хамас го гранатираше пограничниот регион во Израел
Предупредувачките сирени се огласија во израелскиот пристанишен град Ашдод во близина на палестинската територија, а беа издадени и предупредувања за ракетен напад во блиските градови Јавне и Бен Сакаи, соопшти израелската војска.
На 100-тиот ден од војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, палестинските милитанти уште еднаш истрелаа ракети од Газа кон Израел.
Предупредувачките сирени се огласија во израелскиот пристанишен град Ашдод во близина на палестинската територија, соопшти денеска израелската војска. Армијата првично не даде податоци за штети или жртви.
Беа издадени и предупредувања за ракетен напад во блиските градови Јавне и Бен Сакаи, објавија израелските медиуми. Наводно, остатоците од ракетата паднале врз Ашдод, но според извештаите, нема жртви во нападот.
Како што израелските вооружени сили напредуваат подлабоко во Појасот Газа, има значително намалување на гранатирањето на Израел од крајбрежната област. Сепак, единиците на Хамас и другите милитантни групи сè уште повремено испалуваат гранати.