Ракета ја предизвикала експлозијата во Бејрут? Шокантните снимки веднаш предизвика реакции! (ВИДЕО)

Либанските спасувачки екипи денеска продолжија со потрагата за преживеани меѓу урнатините.

25,954

Пред два дена се случи страшна експлозија во Берјут во Либан. Според досегашните информации од експлозијата животот го загубија повеќе од 100 лица, а повредени се повеќе од 5.000 луѓе.

Материјалната штета е многу голема, а градот е целосно уништен како последица од експлозијата.






Либанските спасувачки екипи денеска продолжија со потрагата за преживеани меѓу урнатините.

На Интернет се појавија снимки на кои може да се забележи дека проектил ја погодува фабриката во пристаништетот во Бејрут. Откако ракетата го погодила магацинот, дел од градот беше уништен, а густ чад се наеви над него.

Погледнете како изгледа снимката која се појави на Интернет на која јасно се гледа како ракета погодува објект и моментот кога доаѓа до експлозија:

Исто така уште една видео снимка беше објавена на Интернет на која може да се забележи ракетата како го погодува магацинот на пристаништето.

Веродостојноста на снимките досега никој не ја потврди, ниту демантираше. Израел и Хезболах соопштија дека немаат никаква поврзаност со експлозијата во Бејрут.

Либанскиот премиер Хасан Диаб прогласи тридневна жалост, почнувајќи од денеска, а првичните резултати покажале дека небрежност е причина за експлозијата во Бејрут, а не напад со ракета, но конечни резултати сѐ уште нема.

Поврзани содржини