РАХИМОВСКИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН СО ОВАА ПЕСНА Прочуениот хит за починатиот пејач имал посебно значење (ВИДЕО)
Популарниот пејач на „Парни ваљак“ почина во саботата, утврдија словенечките лекари, од откажување на срцевиот мускул.
Големиот музичар Александар Аки Рахимовски ќе биде испратен на вечното почивалиште со песната „Sailing“ од Род Сјуарт, која Аки често му ја пеел на својот син Кики, додека тој уште бил бебе.
– Тато убаво спие – им рекол на пријателите расплаканиот Кики Рахимовски, синот на Аки Рахимовски, кој во среда последен пат ќе допатува во Загреб. Популарниот пејач на „Парни ваљак“ почина во саботата, утврдија словенечките лекари, од откажување на срцевиот мускул.
Аки Рахимовски ќе биде погребан в четврток во 15 часот во загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите.
Исконскиот музичар до последното почивалиште ќе го испратат и членовите на клапата, кои покрај неговиот гроб ќе отпеат две македонски песни кои Аки многу ги сакаше.
Обожавателите на „Парни ваљак“ и на Аки Рахимовски во вторник му оддадоа почит на починатиот пејач со палење лампиони на Бунарот на животот на Плоштадот на Републиката во Загреб.
Групата „Парни ваљак“ на својот официјален канал на Јутјуб објави емотивно видео посветено на покојниот Аки Рахимовски, човек кој заедно со останатите членови на бендот одбележа многу генерации со својот глас и песни.
Заедно со песната „Есен во мене“ е направено видео на кое се прикажани фотографиите на Аки, за кои е заслужен Саша Хузјак.
– Збогум пријателе. Ни остави огромна празнина и величествени спомени – напишал во описот на видеото.
Соработниците на Аки од „Парни ваљак“ се огласија со соопштение кога нивниот пријател ненадејно починал.
– Нѐ напушти нашиот добар дух, пријател и соборец, Аки – човек кој живееше за песната, сцената и за својата публика. Сè уште сме во шок и неверување и длабока тага и во моментов не сме во состојба да дадеме изјави за медиумите. Со радувавме на претстојната турнеја и на новиот сингл. Ова е преголема загуба, нашиот драг пријател, а во име на неговото семејство и бендот бараме разбирање. Би сакале да ја искористиме оваа прилика да им се заблагодариме на публиката, пријателите и колегите за нивните пораки за поддршка и сочувство – напишале тие.