Радовишанец загина во сообраќајка на магистралниот пат Штип-Кочани
Повреден е возачот и на второто возило кое учествувало во несреќата.
Во сообраќајна несреќа која синоќа се случи на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на крстосница за с.Кучичино загина еден од возачите, соопшти МВР.
Како што е соопштено несреќата се случила помеѓу автомобил „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З.(71) од Радовиш и патничко возило „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Штип. Од ударот на самото место починал С.З. , а неговата смрт ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Возачот од другото возило е повреден и е пренесен во Здравствената установа Кочани.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Кочани.