Радев со порака до Заев: Сами мора да ја тргнете блокадата

Бугарскиот претседател смета дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија

637

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија.

На прашањето дали новата влада ќе ја смени својата политика кон Скопје, бугарскиот претседателот изјави:






– Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ.

Радев е категоричен дека земјава сама треба да го одблокира процесот.

– Нашите пријатели од Северна Македонија и раководството на земјата мора самите да ја отстранат блокадата.Таа не е бугарска, потребни ни се вистински, одржливи резултати за членство во ЕУ, за промена на учебници, споменици со нивни натписи, музеи, јавни медиуми, за искоренување на говорот на омраза – кога ќе падне границата, нашите млади не треба да се мразат – изјави тој.

Радев потенцира дека тоа не зависи од Бугарија, туку од државата, Република Северна Македонија, која мора да има јасни и одлучни активности.

 

Поврзани содржини