Радев со поддршка за европската перспектива на Македонија
Шефот на бугарската држава ги пофали позитивните сигнали во последните неколку недели во односите меѓу Софија и Скопје и, пред се, продолжувањето на дијалогот на највисоко ниво.
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Софија имаше состанок со амбасадорите во државите членки на ЕУ, Швајцарија и во САД, при што нагласил дека државата ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија.
– Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија и воспоставувањето на земјата како силен сојузник во НАТО – нагласи Радев.
Шефот на бугарската држава ги пофали позитивните сигнали во последните неколку недели во односите меѓу Софија и Скопје и, пред се, продолжувањето на дијалогот на највисоко ниво.
Радев изрази надеж дека тој дијалог ќе доведе до конкретни одржливи и неповратни резултати „во нашите билатерални односи со Република Северна Македонија, што исто така ќе ја забрза европската перспектива на нашиот југозападен сосед“, соопштија од неговиот Кабинет.
На средбата се разговарало и за борбата со корупцијата, санкциите со Глобалниот закон Магнитски како и за иницијативата Три мориња.