Работодавачите и самостојните вршители на дејност и во јуни ќе добијат 14.500 денари од државата

УЈП ги изготви и објави образците за користење на оваа мерка на владата.

1,551

Работодавачите и самостојните вршители на дејност од денеска можат да ги пополнуваат барањата за поддршка од владата за месец јуни кој е поставен на системот е-даноци и ЕПДД на УЈП.

Согласно  измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.






„За таа цел УЈП ги изготви и постави на системот е-Даноци  Образецот -БФП-ИП/1 со кои се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании, и  го изготви и постави на системот Е-ПДД – Образецот БФС-СВД/1 со кое се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност“, соопшти УЈП.

Според податоците на УЈП  мерката за финансиска поддршка во месец април  ја користеле вкупно 19.696 работодавачи,  односно 5.707 самостојни вршители на дејност, додека во мај истата мерка ја користеле вкупно 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност .

Поврзани содржини