РАБОТНИКОТ ЈА ТРОШИ ПЛАТАТА НА ИНФЛАЦИЈА, ДИРЕКТОРИТЕ ЗЕМААТ МИЛИОНСКИ ДИВИДЕНДИ Левица ги повика работниците да се борат за власт, а не за права

143

Во време кога во високо развиените држави се имплементира шестчасовно работно време, нас ни се сервира феудализам и робовладетелство. Предлогот на Владата за 60-часовна работна недела нѐ врати назад во 1882 година, кога во индустријата се работеше и 12 часа дневно, реагира денеска координаторот на Трудов сектор при Левица, Александар Димитријевиќ.

– Лошите услови за работа ги примораа работниците да се иселат од државава, ги дискриминираат жените-земјоделки, на железничарите им се исплаќаат плата во половинки, поради расипничкиот однос во јавните претрпијатија работниците не можат да земат додатоци и надоместоци на плата, вработените во маркетите работат во ладни простории, градежната мафија ги експлоатира незаштитените и непријавените работници – вели тој.






Димитријевиќ соопшти дека на објавениот повик на Левица, преку 1000 работници пријавиле нерегуларности на работните места.

– Ова е знак дека правата на работниците се само декларативна утопија во програмите на денешните политички чинители. Класната разлика е сѐ поголема, додека директорите во банките земаат милионски дивиденди, обичниот работник ја троши платата на инфлација. Затоа, работници и работнички, нема друга алтернатива освен организираната политичка моќ на трудот. Наместо за работнички права, заедно да се бориме за власт. За работничка власт и за политичка моќ на трудот – порача Димитријевиќ.

Поврзани содржини