РАБОТЕЊЕТО ОНЛАЈН ШТЕДИ ЕНЕРГИЈА Оние кои работат од дома придонесуваат за намалување на емисиите на стакленички гасови
Заштедата на енергија и намалувањето на емисиите на стакленички гасови со работа од дома, се должи на исклучувањето на патувањето на работа, но и на значителното намалување на потрошувачката на енергија во канцелариите.
Новото истражување, објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS) во САД, кое содржело податоци од над 100.000 примероци, покажало дека работата од дома значително влијае на намалувањето на емисиите на стакленички гасови.
Поконкретно, истражувањето покажало дека работниците кои работат од дома произведуваат помалку од половина од емисиите на стакленички гасови од оние кои работата во канцеларија.
Ова е резултат на исклучувањето на патувањето на работа, но и значително намалување на потрошувачката на енергија во канцелариите.
„Работниците кои постојано работат од дома би можеле да „придонесат за 54 отсто намалување на емисиите на стакленички гасови по глава на жител“, што би било „првенствено поради намалената потрошувачка на енергија во канцеларијата“, велат научниците предводени од инженерот Јанкиу Тао од Универзитетот Корнел.
Додека два до четири дена работа од дома би довело до пад од „до 29 проценти“, ограничувањето на работењето од дома на еден ден во неделата би значело пад од само 2 проценти, што значи никаква корист, според тимот предводен од Лонгки Јанг од Мајкрософт.
Истражувањето опфатило податоци од над 100.000 примероци, вклучително и Американското истражување за потрошувачка на енергија во станбени простории и податоци за вработените во Мајкрософт.