РАБОТАТА Е СЕРИОЗНА, СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ МОРА ДА РАСПРАВА ЗА МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“! Иницијатива на советниците од ВМРО-ДПМНЕ
Советничката рече дека деновиве граѓаните се сведоци на едно префрлање на топката во врска со мостот „Беласица", а работата е премногу сериозна бидејќи граѓаните чекаат со часови за да стигнат од Центар до Аеродром или до други дестинации кои што ги поврзува мостот.
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска поднесе иницијатива до Градот Скопје за свикување на седница или поставување на точка на дневен ред за мостот „Беласица”, на кој неодамна имаше пожар – изјави за Телма Марија Андоновска, член на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Советничката рече дека деновиве граѓаните се сведоци на едно префрлање на топката во врска со мостот „Беласица”, а работата е премногу сериозна бидејќи граѓаните чекаат со часови за да стигнат од Центар до Аеродром или до други дестинации кои што ги поврзува мостот.
– Го слушнавме директорот на Центарот за управување со кризи кој прстот го вперува во Град Скопје. Од друга страна, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели – ние имаме ограничена одговорност, ние до тука можеме, другото е повторно на Град Скопје. А, Град Скопје не ни дава одговор, па вели се разгледува работата, ќе видиме што ќе биде и прстот го вперува кон овие двајца што претходно ги споменав – рече Андоновска.
Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги нема потребните информации во врска со мостот „Беласица“ ниту од владините институции, ниту пак од Град Скопје.
– Затоа ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска поднесовме барање т.е. иницијатива до Градот Скопје за свикување на седница или поставување на точка на дневен ред во најбрзо можно време да се разгледа и да ја добиеме информацијата за брза санација на мостот. Или пак да ни се даде информација од која што би произлегле идните решенија, идните можни решенија како би можеле да придонесеме сето тоа да се среди – рече Андоновска.