РАБОТА ОД ДОМА, ВОЗЕЊЕ ПАР-НЕПАР, НАМАЛЕНА БРЗИНА, УПОТРЕБА НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ Светот доби препораки за заштеда на нафта
Меѓународната агенција за енергија препорача низа итни мерки што владите, компаниите и домаќинствата можат да ги спроведат за да го намалат притисокот врз потрошувачите поради прекините во снабдувањето со нафта предизвикани од војната на Блискиот Исток.
Работниците да се префрлат на работа од дома секогаш кога тоа е можно, препорача Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Агенцијата денеска објави извештај во кој се наведени низа итни мерки што владите, компаниите и домаќинствата можат да ги спроведат за да го намалат притисокот врз потрошувачите поради прекините во снабдувањето со нафта предизвикани од војната на Блискиот Исток.
Новиот извештај издвојува 10 мерки што можат брзо да се спроведат, првенствено во патниот сообраќај, кој сочинува околу 45 проценти од глобалната побарувачка за нафтаа.
ИЕА препорачува намалување на максималната дозволена брзина на автопатите за најмалку 10 километри на час, поголема употреба на јавниот превоз, како и ограничување на пристапот до приватни автомобили во големите градови преку системот за ротација на таблички.