РАБОТА ОД ДОМА: Луѓето низ светот нејќат назад во канцеларија!

Се спрема „Големата оставка“ кајшто вработените или ќе даваат откази или ќе барат пофлексибилни услови за работа. Голем дел од нив чувстуваат дека докажале дека можат да бидат продуктивни и флексибилни од дома и сега им се допаѓа автономијата која ја имаат.

627

Ќе се вратиме ли во канцелариите од септември? Работниците низ цел свет сакаат да продолжат да работат од дома и се сомневаат во своите шефови кои „одеднаш ги бараат назад“.

Според статија на „БиБиСи“, се спрема „Големата оставка“ кајшто вработените или ќе си одат или ќе барат пофлексибилни услови за работа. Голем дел од нив чувстуваат дека докажале дека можат да бидат продуктивни и флексибилни од дома и сега им се допаѓа автономијата која ја имаат.






Три дена во канцеларија, два дена од дома

На почетокот на јуни, извршниот директор на „Ејпл“, Тим Кук, испрати писмо со кое им рече на вработените дека ќе бидат потребни во канцеларијата од септември. Тој очекува работниците да бидат присутни три дена во неделата, а два дена дена да работат од дома, на „хибриден“ начин, пишува во статија на „БиБиСи“.

Но, вработените одговориле со свое писмо. Тие биле фрустрирани од новата политика, а некои најавиле откази. И тие не се единствени. Вработените во магазинот „Вашингтон“ ја напуштиле работата кога нивната директорка Кети Мерил објавила дека тие ќе бидат отпуштени ако одбијат да се вратат во канцеларијата на полно време. Извршниот директор на „Морган Стенли“, пак, рекол дека ќе биде „многу разочаран ако луѓето не го најдат патот до канцеларијата“ до почетокот на септември.

Демократизација на работното место

Некои компании веќе почнаа да зборуваат за „хибридно“ работно време, со комбинирање на присуството и работата од дома. Но, се чини дека работодавците сакаат повеќе присуство на работа отколку што работниците очекуваа.

Неодамнешна анкета во САД покажала дека 44% од луѓето кои моментално работат од дома сакаат да продолжат да работат од далечина, бидејќи тоа им одговара, 39% претпочитаат да се вратат во канцеларија, а преостанатите 17% сакаат да продолжат да работат од далечина поради коронавирусот.

Зошто фирмите инсистираат на физичко присуство?

Многу фирми, ги наведуваат „вредностите на компанијата“ како нивна причина за инсистирање на присуство во канцеларијата. Друга вообичаена теза е тоа дека далечинското работење ја спречува спонтаноста и иновативноста. Исто така, работата од далечина не е баш најдобра за помладите вработени кои треба да учат од постарите.

Но, кај постарите е обратно. Тие веќе имаат свое „реноме“ и автономија во фирмата и нејќат да ги вратат назад привилегиите, ниту да ги делат со некого.

– Во денешно време, секој сака работно место каде што ќе се чувствува како да е важен и водачи кои бараат свое мислење – вели Кимберли Мериман, професорка по менаџмент од Масачусетс.

Големата „оставка“

Вработените веќе групно планираат да менуваат работа или да расправаат за условите за работа, во нешто што го викаат „Големата оставка“. Дури 54% од анкетираните од целиот свет би размислиле да се откажат од работата ако не им се даде некаква форма на флексибилност во однос на тоа каде и кога работат. Но, тоа е повеќе повик за будење отколку смртна казна за односите со работодавачот, објаснува Мериман.

Сепак, не секој ќе може да даде отказ и да оди во друга фирма. Кај техничките струки изборот е секогаш голем, но кај оние вработени во продажба, човечки ресурси или во администрацијата на пример, изборот е мал. Тие тешко дека ќе работат од дома, сега или во иднина.

Како ова ќе влијае на компаниите, допрва ќе видиме. „Ејпл“ сега треба јавно да одговори на писмото од своите вработени. „Амазон“ и „Гугл“ , на пример, неодамна воведоа поголема флексибилност во однос на нивните претходни „ставови“ за ваќање од септември. Но, генерално, несреќниот персонал не се одразува добро на компаниите.

Поврзани содржини