РАЈОТ ГО НАПУШТИЈА ДОМИНИКА И СЕЈШЕЛИ ЕУ ја стави Македонија на „сивата листа“ на даночни оази

1,796

ЕУ денеска ги отстрани Ангвила, Доминика и Сејшелите од својата „црна листа“ на даночни оази, истовремено додавајќи ја Македонија на „сивата листа“, која вклучува земји кои имаат несоодветни даночни стандарди, но се обврзаа на измена на прописите во согласност со барањата.

Ангвила, Сејшели и Доминика претходно беа ставени на „црната листа“ бидејќи не ги исполнуваа критериумите за даночна транспарентност, потсетува агенцијата АП.






„Црната листа“ на ЕУ беше воспоставена во 2017 година со цел да се бори против растечкото затајување данок и редовно се ажурира, потсетува агенцијата АП.

Поврзани содржини
na