📽️ РУСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ПРИСТИГНА ВО ИСТАНБУЛ Преговорите треба да почнат в понеделник попладне

Според руските медиуми, Москва во Истанбул ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, во кој се вклучени сите аспекти за решавање на причините за судирот.

1,006

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, пристигна во Истанбул на чело на руска делегација за нова рунда преговори со Украина закажана за утре, објави денес РИА Новости.

Разговорите меѓу делегациите на двете земји се закажани за утре во 13:00 часот, (12 часот по македонско време), во палатата Чираган. Како што е најавено, украинската делегација повторно ќе ја предводи министерот за одбрана на земјата, Рустем Умеров.






Според руските медиуми, Москва во Истанбул ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, во кој се вклучени сите аспекти за решавање на причините за судирот.

Првите директни преговори помеѓу Москва и Киев, од почетокот на војната, се одржаа на 16 мај во Истанбул, на кои беше договорена размена на воени заробеници „1.000 за 1.000“.

 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најавувајќи дека украинска делегација ќе присуствува на разговорите во Истанбул, ги посочи украинските услови. Тие се: целосен и безусловен прекин на огнот, ослободување на затворениците, враќање на киднапираните деца и подготовка за состанок на претседателско ниво.

Украина изврши напад врз четири воени бази и оштети 40 руски воени авиони само часови пред најавените преговори во акцијата „Пајажина“.

Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека во денешните напади врз руски воени аеродроми, Русија претрпела штета од 7 милијарди долари.

 

Поврзани содржини