Путин за пандемијата со ковид-19: Ова е многу тешка ситуација и не се подобрува

Како што пренесе агенцијата ТАСС, Путин апелираше до граѓаните да посветат посебно внимание на она што се случува во земјите на југот на Европа.

656

Руските власти нема присилно да ги задржуваат граѓаните кои сакаат да заминат на одмор во странство или да патуваат во Русија, но секој руски граѓанин треба да ја знае ситуацијата со коронавирусот во другите земји, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека некои земји, каде што туризмот игра голема улога во економијата, веќе објавиле дека се отворени за туристи.






– Секако, не смееме и не можеме да забраниме никому да патува, ниту ќе го сториме тоа. Оние кои сакаат да заминат во странство, нека одат – порача Путин.

Како што пренесе агенцијата ТАСС, Путин апелираше до граѓаните да посветат посебно внимание на она што се случува во земјите на југот на Европа.

– Ова е многу тешка ситуација и не се подобрува – рече Путин.

Тој изрази надеж дека вакцинацијата ќе ја подобри состојбата. 

Поврзани содржини