ПУТИН СПРЕМА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ? Волстрит Џурнал ги едначи „рускиот“ и „српскиот“ свет

Во мај минатата година, Србија ги стави своите војници во борбена готовност по судирите меѓу етничките Срби и меѓународните мировници во кои беа ранети 90 војници на НАТО, пишува весникот и додава: Тоа беше потег на Кремљ да ги искористи етничките тензии како изговор за воена акција.

1,076

Западниот Балкан е совршен кандидат за нова војна на рускиот лидер Владимир Путин, додека сите очи се вперени во Украина, анализира „Волстрит Џурнал“. Весникот тврди дека постои поврзаност меѓу фразите „руски свет“ и „српски свет“, а дека Москва го разгорува пламенот на Балканот преку политиките на Србија.

„Косово и Босна и Херцеговина не се членки на НАТО. Исто како што Москва се обидува да доминира со она што го нарекува „рускиот свет“, Србија долго време повикува на обединување на „српскиот свет“, се вели во статијата.






Додека сите очи се вперени во Украина, пишува весникот, во Европа се подготвува уште еден конфликт:

„Три децении по крвавиот распад на Југославија, неодамнешните судири меѓу Србија и Косово повторно ги разгореа долгогодишните етнички конфликти. Додека Србија ги води настаните на теренот, Москва го разгорува пламенот“.

Во објавата се тврди дека „Москва има многу да добие со поттикнување проблеми на друго место на континентот“, ако се земе предвид дека руските сили трпат загуби во Украина.

„Вистинска регионална криза ќе му даде на Кремљ можност да стекне локално влијание преку трговија со оружје и посредување, притоа оттргнувајќи го вниманието од Украина и давајќи ѝ на Русија влијание врз западните лидери. Западен Балкан е совршен кандидат“, продолжува статијата.

Потоа се дава историја на настаните на Косово од 1998 година и како признавањето на Косово од страна на повеќе земји во 2008 година повторно ги креанло тензиите, „иако илјадници војници на НАТО сè уште се во Косово како мировници“.

„Српскиот претседател Александар Вучиќ го заострува владеењето дома и во последната година со руска поддршка врши притисок врз Косово. Во мај минатата година, Србија ги стави своите војници во борбена готовност по судирите меѓу етничките Срби и меѓународните мировници во кои беа ранети 90 војници на НАТО“, пишува весникот и додава:

„Тоа беше потег на Кремљ да ги искористи етничките тензии како изговор за воена акција“.

Потоа се тврди дека настаните во Бањска минатиот септември биле планирани од Србија како по рецепт од „книгата на Путин“.

„Триесет тешко вооружени етнички Срби, за кои Косово тврди дека биле опремени од Србија и поврзани со Вучиќ, нападнаа полициска патрола во Косово, убивајќи четири лица“.

Весникот трди дека Русија и Кина испраќаат оружје во Србија:

„Загриженоста за настанатата криза го натера Вашингтон да објави декласифицирани разузнавачки информации за зајакнувањето на српската армија и нападот врз косовската полиција. Неколку дена подоцна Србија се повлече од границата, но очигледно е дека Белград и Москва подготвуваат нова кампања на насилство и провокации за 2024 година“.

 

Поврзани содржини