ПУТИН СПАСЕН ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ Хеликоптерот на рускиот претседател бил мета на напад со 46 дронови

Нападот се случил во момент кога хеликоптерот летал над територијата на Курск, област која последниве месеци е честа цел на украински удари со беспилотни летала.

4,188

Хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин се нашол во епицентарот на масовен напад од украински беспилотни летала за време на неговата посета на регионот Курск на 20 мај. Ова го изјави командантот на руската дивизија за противвоздушна одбрана, Јуриј Дашкин, во интервју за државната телевизија „Россија 1“.

– Хеликоптерот на претседателот се најде во центарот на нападот на непријателските беспилотни летала – изјави Дашкин, потенцирајќи дека акцијата била насочена директно кон леталото со кое се превезувал Путин.






Според него, руската армија успешно одговорила на нападот и го заштитила претседателот.

– Истовремено спроведувавме борбени операции и го штитевме летот на претседателот – додаде тој.

Во текот на инцидентот, руските сили собориле вкупно 46 украински дронови, тврди Дашкин. Нападот се случил во момент кога хеликоптерот летал над територијата на Курск, област која последниве месеци е честа цел на украински удари со беспилотни летала.

Инцидентот доаѓа во време на зголемена тензија долж руската граница, при што нападите со дронови станаа речиси секојдневие во некои делови од западна Русија.

Поврзани содржини