ПУТИН СО УРЕДБА ПРОГЛАСИ ДЕН НА МАЖИТЕ Сака да ја истакне улогата на таткото во семејството
Уредбата стапила на сила во понеделникот, што значи дека годинава Денот на татковците ќе се слави на 17 октомври.
Рускиот претседател Владимир Путин со извршна уредба воспостави Ден на татковците за да ја истакне улогата на мажот во семејството, објави Кремљ.
Путин кој има две возрасни ќерки, одлучил со уредба да го втемели Денот на татковците кој ќе се слави секоја трета недела во октомври.
Целта на денот на татковците е да го зајакне семејството како институција, а посебно улогата на мажот во подигнувањето на децата, образложи Кремљ.
Уредбата стапила на сила во понеделникот, што значи дека годинава Денот на татковците ќе се слави на 17 октомври.
Државната новинска агенција Риа Новости ја објави веста со полна чаша пиво на својот телеграм канал Kremlinpool.
Русија веќе има празници во чест на мажите, како што е Денот на бранителите на татковината.
Путиновиот претходник на должноста претседател, Борис Јелцин, го воспостави Денот на мајката со извршна уредба во 1998 година и тој се одбележува во последната недела во ноември.
Во Русија Денот на жената 8 март е неработен ден.
Со интервенција на Путин во рускиот устав влезе дефиницијата дека бракот е заедница на маж и жена. Дриуги форми на семејство, на пример истополова заедница не се толерира во Русија, а понекогаш и се гонат, тврдат борците за човекови права.