📷 „ПУТИН СО ТАКЕР ГО ИЗБРИША ПОДОТ ВО КРЕМЉ“ Бурни реакции по интервјуто на рускиот лидер со американскиот новинар

Путин го искористи Такер Карлсон за да го избрише подот на Кремљ – гласи насловот на познатиот магазин „Ролин стон“ во реакцијата по објавувањето на интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон.

890

Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон снимено во Москва, предизвика бројни реакции ширум светот. Првото интервју на рускиот претседател со западните медиуми од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, кое беше објавено на полноќ на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), беше прегледано од повеќе од 55 милиони луѓе за помалку од 6 часа по неговото „пуштање во етерот“.

Владимир Путин во интервјуто зборува за (старите и веќе спомнати) причини за нападот на Украина, но и за Третата светска војна, за односите со САД, за амбициите на НАТО како и за евентуалната ескалација на судирот во соседните земји членки на НАТО.






Коментарите по интервјуто се различни. Така, Политико го издвојува насловот: „Путин му кажа на Такер Карлсон дека војната во Украина може да заврши за неколку недели“.

Тие го истакнуваат прашањето на Карлсон за можноста за мир во Украина, на што Владимир Путин одговори:

– Ако навистина сакате да ја запрете војната, мора да престанете да снабдувате оружје – рече Путин, мислејќи на помошта од Западот за Киев и заклучи:

– Ќе биде готово за неколку недели. Тоа е тоа.

„Во интервју за Такер Карлсон, Путин вели дека Русија не може да биде поразена во Украина“, е насловот на „Ал Џезира“.

„Њујорк тајмс“ го издвои насловот: „Путин ги повикува САД да „преговараат“ за Украина во интервју со Такер Карлсон“, додека „Ролинг Стоун“ смета дека Путин го избришал подот со Такер.

– Путин го искористи Такер Карлсон за да го избрише подот на Кремљ – гласи насловот на познатиот магазин.

За Индипендент и Би-Би-Си важна вест е можноста за ослободување на затворениот американски новинар.

– Путин му рекол на Карлсон дека може да се постигне договор за ослободување на затворениот американски репортер Еван Гершкович – пишува Би-Би-Си, додека Индипендент интервјуто го следеше во живо и во наслов „комбинираше“ Украина, историја и затворениот новинар.

Ројтерс го сумираше интервјуто со зборовите „Путин нема да го нападне НАТО“.

– Путин му рекол на Такер Карлсон дека Русија нема интерес да ги нападне Полска или Латвија – пишува Ројтерс.
Уште пред да биде објавено интервјуто, Карлсон доби низа критики затоа што отпатува во Москва за да го интервјуира рускиот лидер. Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон ја нарече поранешната ТВ водителка „корисен идиот“.

Претходно, најавувајќи го интервјуто, Карсон нагласи дека целта е да се слушне и другата страна, а не само западната пропаганда.

Поврзани содржини