📽️ ПУТИН СЛАВЕШЕ ВО КОСТУМ НА СОФРА СО ГЕНЕРАЛИТЕ Ги спомна украинските напади со дронови, се огласи и Зеленски

Шефот на Русија нагласи дека украинските напади врз цивилна инфраструктура длабоко на руска територија имаат за цел да ги убедат западните поддржувачи дека офанзивата е успешна. Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното видеообраќање изјави дека Русија врши саботажи со дронови на европска територија.

1,949

Облечен во строг костум во друштво на команданти, рускиот лидер Владимир Путин го дочека својот 73. роденден додека ги уверувал генералите дека Украина губи на фронтот, а нејзините дронови не се ништо повеќе од обид за илузија на победа.

– Нападите длабоко во Русија нема да му помогнат на Киев – истакна Путин.






Украинските сили се повлекуваат?

Шефот на Русија нагласи дека украинските напади врз цивилна инфраструктура и стратешки цели имаат за цел да ги убедат западните поддржувачи дека офанзивата е успешна. Сепак, според него, украинските сили всушност се повлекувале долж линијата на фронтот.

– Тоа е нашата задача, да ја гарантираме безбедноста на граѓаните и да ги заштитиме стратешките цели, вклучувајќи ги енергетските објекти – нагласи Путин.

На социјалните мрежи се појави снимка од софрата на која првиот човек на Русија седеше со генералите.

 

Снимките прикажани на државната телевизија открија роденденска гозба со високите воени команданти, додека Путин самоуверено ги набројуваше наводните територии што ги зазела руската армија – 4.900 квадратни километри и 212 села годинава.

Началникот на Генералштабот на Русија, Валери Герасимов, информирал дека приоритет останува уништување на украинските капацитети за производство на дронови и проектили, при што руски сили напредувале во регионите Доњецк, Запорожје и во Дњепропетровск.

Дроновите од танкери се за саботажа, се огласи Зеленски

Од друга страна, во видеообраќање доцна вечерта, украинскиот претседател Володимир Зеленски возвратил дека токму Русија се обидува да ја дестабилизира Европа преку употреба на „флота во сенка“.

– Неодамнешните лансирања на дронови од танкери се еден таков пример – рече тој, повикувајќи се на украински разузнавачки извори.

Според него, Русија користела транспортни пловила за нелегален извоз на нафта и паралелно лансирала дронови за саботажа. Иако официјално не е потврдено потеклото на дроновите забележани во Данска и Германија, Зеленски тврди дека Москва е виновна.

– Русите мора да знаат дека ниту едно од нивните деструктивни дејства, сите одвратни работи што ги прават – нема да останат без одговор од светот – порача Зеленски.

Украина сака Европа да војува, дофрли Медведев

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, сугерирал дека дроновите можеби биле намерно користени од страна на Украина за да се испровоцира Европа и да се вклучи во конфликтот.

Украина, исто така, произведува дронови со долг дострел, додаде тој, фрлајќи сомнеж врз украинската стратегија.

Среде стравувања од можен хибриден конфликт меѓу Русија и НАТО, украинскиот лидер Зеленски најави нови дипломатски напори и средби зад затворени врати со западните партнери.

– Ја споделуваме информацијата што ја имаме и клучно е нашите партнери да преземат конкретни чекори – подвлече украинскиот лидер.

Поврзани содржини