ПУТИН САКА ВО ДОНЕЦК ДА СЕ ЖИВЕЕ СО РУСКИ СТАНДАРД Најави голема обнова во окупираните региони
Шефот на Русија постави цел Донецка и Луганската народна република, како и Херсонска и Запорошката област до 2030 година да го достигнат просечното ниво во сите клучни индикатори во Русија, вклучително и квалитетот на животот.
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека руските власти континуирано се занимаваат со прашањата за реконструкција и развој на „новите региони на Руската Федерација“.
– На дневен ред се прашањата за реконструкција и развој на економијата, транспортот, социјалната и другата инфраструктура на Донецка и Луганска Народна Република, како и на Херсонска и Запорошка област. Со оглед на обемот и посебното значење на оваа работа, редовно се враќаме на ова прашање – посочи Путин за време на сесијата посветена на социо-економскиот развој на така наречените нови субјекти на Руската Федерација.
Тој постави цел Донецка и Луганската народна република, како и Херсонска и Запорошката област до 2030 година да го достигнат просечното ниво во сите клучни индикатори во Русија, вклучително и квалитетот на животот.
– Ова вклучува изградба или реконструкција на образовни, културни, здравствени и спортски објекти, како и развој на патишта, станбени и комунални услуги, комплетна социјална инфраструктура и создавање нови работни места со пристојни плати – истакна Путин.
Тој додаде дека руските власти планираат да реконструираат дополнителни 9.600 километри патишта во Донбас и Новоросија.