ПУТИН САКА ДА ЗАРАБОТИ ПАРИ ПРЕКУ ФИЦО Зеленски ја обвини Словачка дека ѝ помага на Русија
Украинскиот лидер Володомир Зеленски го обвини словачкиот премиер дека не сака да најде решенија за замена на рускиот гас со што „сака да му помогне на Путин да заработи пари за да ја финансира војната“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини словачкиот премиер Роберт Фицo, кој беше во посета на Москва, дека „сака да му помогне“ на рускиот претседател Владимир Путин „да заработи пари за финансирање на војната со Киев“.
Фицо е близок со Путин, а Словачка зависи од испораките на руски гас.
Зеленски рече дека Фицо не сака да најде решенија за замена на рускиот гас и да обезбеди „енергетска независност на Европа“.
Тоа сугерира дека „тој сака да му помогне на Путин да заработи пари за да ја финансира војната и да ја ослабне Европа“, напиша украинскиот претседател на мрежата Икс.
Багато питань журналістів сьогодні про поїздку Фіцо в Москву. Насправді після нашої розмови в Брюсселі в присутності всіх лідерів Європи нічого не дивує.
Ми боремося заради життя, Фіцо бореться заради грошей, причому навряд чи заради грошей для Словаччини. Тіньові домовленості з…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 23, 2024
– Губиме луѓе поради војната што ја започна Путин и сметаме дека таквата помош на Путин е неморална – додаде Зеленски.
Фицо во неделата објасни дека неговата ненадејна посета на Москва е „одговор на ставот на Володимир Зеленски за гасот“.
Зеленски рече дека Украина нема да продолжи со транзитот на руски гас во Европа по истекот на сегашниот договор на крајот на годината.