Путин: Палатата не е моја, некој им го пере мозокот на Русите
Не го гледав целото видео, туку само деловите што ми ги подготвија соработниците. Ништо од сниманото не ми припаѓаше на мене или на некој од моите блиски роднини. Никогаш - рекол Путин.
Рускиот претседател Владимир Путин ги демантираше гласините дека поседува палата во Геленџик на Црното Море, наведувајќи дека таа палата не му припаѓа ниту нему, ниту на друг член на неговото семејство.
На онлајн состанок со студенти, Путин истакнал дека не го гледал видеото објавено од опозицискиот тим на Алексеј Навални минатиот викенд, пред сè поради недостаток на време и смета дека гласините за палатата биле искористени за обид за перење мозок на Русите, пренесува ТАСС.
– Не го гледав целото видео, туку само деловите што ми ги подготвија соработниците. Ништо од сниманото не ми припаѓаше на мене или на некој од моите блиски роднини. Никогаш – рекол Путин.