ПУТИН НЕМА ДА ГО ДОЧЕКА СЛЕДНИОТ РОДЕНДЕН, ЌЕ БИДЕ УБИЕН Прогноза на руски опозициски политичар
Моќта на Путин лежи во неговата позиција на алфа мажјак, како личност која е непобедлива. 2022 година беше година кога таа позиција почна да слабее. Мојата прогноза е дека тој нема да го види својот следен роденден (7 октомври) - изјави Пономарев за Њузвик.
Илја Пономарев, единствениот пратеник во рускиот парламент (Дума) кој гласаше против анексијата на Крим во 2014 година, верува дека намалената поддршка во Русија и стравувањата од потенцијално судење за воени злосторства може да значат дека Путин „ќе биде убиен од неговиот близок круг, оваа година”.
Пономарев беше пратеник во Државната дума од 2007 до 2016 година, но сега живее во Украина, каде што го води новото движење наречено Првиот конгрес на народни пратеници на Русија, за кој се надева дека Русија ќе ја трансформира во модерна демократија.
– Моќта на Путин лежи во неговата позиција на алфа мажјак, како личност која е непобедлива. 2022 година беше година кога таа позиција почна да слабее. Мојата прогноза е дека тој нема да го види својот следен роденден (7 октомври) – изјави Пономарев за Њузвик.

Според него, фактот дека Русија не може целосно да ги контролира украинските територии, кои Путин ги анектира, како и неуспехот да се заземе Киев и повлекувањето од Херсон и Харков, може да го свртат неговиот „внатрешен круг“ против него.
Пономарев вели дека дека негова лична желба е да го види Путин во Хаг, но не верува дека таа ќе му се исполни.
– Не верувам дека ќе го видам тоа. Неговата придружба нема да му дозволи да оди во Хаг бидејќи неговото сведочење може да биде многу штетно за нив. Ќе биде убиен – вели поранешниот пратеник.
Амбасадорот на САД за глобална кривична правда Бет Ван Шак ја обвини Русија за „систематски“ воени злосторства во Украина, за насочени напади врз цивили, употреба на силување како средство на војната, киднапирање деца и егзекуции по кратка постапка.
Дејствијата на Москва би можеле да се окарактеризираат како „злосторства против човештвото“ на кои им се суди во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Сепак, и покрај повиците за дејствување на судот и насобраниет докази против Путин, сè уште нема индикации дека МКС ќе го обвини рускиот претседател.
Иако многумина се надеваат дека Путин ќе се откаже од власта што е можно поскоро, малкумина навистина веруваат во тоа.
Имено, рускиот претседател Путин произведе околу себе политички вакуум, за да нема никакви ривали или опозиција и создаде армија од поддржувачи кои само послушно климаат со главата, уверени во секакви заблуди и параноја во врска со Украина и Западот.
Американската разузнавачка служба, од друга страна, тврди дека нема ниту еден човек во Кремљ кој е подготвен да го предизвика Путин или да се спротивстави на неговиот извртен поглед на светот.
Директорот на ЦИА Вилијам Барнс изјави дека моќта на Путин над неговиот сè потесен внатрешен круг соработници е сè поцврста, што го прави сè поизолиран и позаблуден за вистинската реалност на војната.